Најпознатата бугарска манекенка и топ модел Николета Лозанова дури и кога не е во Бугарија, продолжува да ги рекламира производите чие заштитно лице е.
Бидејќи важи за кралица на провокациите, таа своја особина Николета ја користи и за успешен маркетинг, па стигна до таму да се потопи гола во када полна со бела течност, пишува бугарска HotZona.
Многумина ја споредија со жешката египетска кралица Клеопатра, која сакала да се капе во када само ако е полна со млеко.
„Не чекај летото да дојде – биди подготвена за него“ – напишала Николета под фотографијата во која влегува во кадата.
Лозанова дискретно го покажала задникот и открила дел од градите, тврдејќи дека телото е за гледање, а кожата за негување.
Инаку манекенката уште претходно покажа дека не само во бањата, туку и во базенот има навика да се капе сосема гола.
Извор: Новини.бг
Фото: Инстаграм принтскрин