Пејачот Дарко Лазиќ повторно доживеа сообраќајна несреќа на автопатската делница низ Белград кога неговиот автомобил се судри со комбе.
Дарко бил однесен кај судија за прекршоци, а според локалните медиуми немал алкохол во крвта.
Инаку, Дарко всушност го спопадна малер на само седум дена пред неговата венчавка со избраничката Каќа. И додека течат последните подготовки за гала-венчавката во Пеќинци, на Дарко сега му е одземена возачката дозвола поради казнени бодови.
Автомобилот „БМВ“ со кој излета Лазиќ чини скоро 70.000 евра, а сега како што пишуваат српските медиуми, може само на отпад.
Да потсетиме, Дарко и Катарина склучија граѓански брак на 8 декември 2022 година во присуство на само неколку луѓе, а наскоро ќе имаат голема свадбена веселба на околу 500 гости. Свадбени гости ќе доаѓаат од цела планета, таму ќе бидат и многу колеги на Дарко, како Андреана Чекиќ, Вања Мијатовиќ, Катарина Грујиќ, Урош Живковиќ и други.
View this post on Instagram
Од дрга страна историјата се повторува од 2018 година кога имаше тешка сообраќајка, па едвај спаси жива глава. Сега штетата за среќа е само матријална.
фото:Инстаграм принтскрин/Мarko Đoković