По кратката посета на Хиландар и запознавањето со манастирскиот начин на живот, Боган Срејовиќ му се врати на секојдневниот хедонизам.
Поранешното момче на Цеца Ражнатовиќ, инаку успешен менаџер во угостителството, ја однел на одмор својата девојка Јована Љубисављевиќ, кој, ако им се верува на фотографиите, долго ќе им остане во сеќавањата на двајцата.
„Аморе и море“, напиша покрај сликата од плажата на која ги гледаме во страсна прегратка под сонцето, а морето нежно ги допира додека лежат во плиткото.
Згодната водителка, модел и поранешна учесничка на реалното шоу возврати со слична „вљубена“ сцена и зборовите: „Сонце, песок, море, ти и јас“.
Со месеци се неразделни, а дали романсата ќе ја подигнат на повисоко ниво, на пример до свршувачка, останува да видиме. Како и да е, тие уживаат во секој заеднички момент.
По раскинувањето, минатиот јануари, Богдан и Цеца во заедничко обраќање до јавноста истакнаа дека ќе останат во пријателски односи. Тие го исполнија ветувањето.
Тие сè уште се следат еден со друг на Инстаграм. Беа во врска една година, но веројатно раскинаа бидејќи не успеаја да премостат некои разлики и да ги надминат сите предизвици со кои се соочија.
фото:Instagram printscreen