Радио Милева громогласен аплауз

Милица Павловиќ создаде атмосфера за паметење: Пејачката одлучи да ја почести публиката (видео)

Милица Павловиќ создаде атмосфера за паметење: Пејачката одлучи да ја почести публиката (видео)

Младата ѕвезда Милица Павловиќ на нејзиниот настап создаде атмосфера за паметење. Познато е дека Милица дава се од себе кога се во прашање настапите, а овој пат реши да го прекине концертот и да ги задоволи оние кои немаа билет.

Откако Павловиќ видела дека околу 100 луѓе играат во делот за кој не е потребно да се плати, решила да ги почести и побарала од организаторите да ги пуштат.

-Ги замолувам организаторите да ги пуштат луѓето што се пред капија, ве молам да ги поздравиме со аплауз, сите вие ​​што сте надвор и цело време играте, снимате и аплаудирате, вечерва бидете ми гости – рекла таа.

Потценување е да се каже дека Милица ги воодушевила сите и уште еднаш покажа дека нејзината публика е на прво место.

Фото: Принтскрин/Ата Имаџес

To top