Радио Милева

По еден месец Меланија Трамп се појави во јавност – еве што кажа Доналд за неа!

По еден месец Меланија Трамп се појави во јавност – еве што кажа Доналд за неа!

По 27 дена пауза, Меланија Трамп повторно се појави во јавност, придржувајќи го сопругот на еден состанок.

На оваа средба таа не зборуваше, а кога се појави во салата, присутните ја поздравија  со аплауз.

-Имаше тежок период, но одлично се држи. Луѓето те сакаат. Ти благодарам душо, ијзави Трамп.

Пред еден месец, откако Меланија се повлече од јавноста се појавија неколку шпекулации. Од Белата куќа соопштија дека Меланија е хоспитализирана поради мала операција на бубрезите. Меѓутоа, јавноста беше збунета зошто толку долго ја нема, бидејќи вообичаено луѓето од вакви операции брзо оздравуваат.

Претседателот на САД беше лут на медиумите, па на Твитер профилот напиша дека неговата сопруга е третирана на лош начин.

Работите се вратија во своја нормала, а Меланија блеска! За оваа прилика таа облече мантил во беж боја и салонки со животински принт.

фото:Гуливер/Гети

To top