Мегафон

„Скопските приказни“ на Петар Ренџов и Александар Јовески закажани за раскажување во вторник 22-ри август

„Скопските приказни“ на Петар Ренџов и Александар Јовески закажани за раскажување во вторник 22-ри август

Со аудио-видео записот “Пролетна Пеперутка” авторите Александар Јовески и Петар Ренџов заедно ја најавуваат промоцијата на проектот “Скопски Приказни” закажана за вторник на 22.08.23 година во АТК „Премиум клуб“ од 20 часот.

“Впечатокот за Пролетната пеперутка ни е важен, со внимание ве молам…“ преку смеа кажува Пепи споделувајќи ги новителитер кои сакаат да и ги презентираат на публиката.

Изведувачи на албумот „Скопски приказни“ се : Александар Јовевски – тамбура, Петар Ренџов – гитара, Павел Ренџов – перкусии и Горан Гешовски – бас.

Инаку, “Скопски приказни ” е албум кој припаѓа на македонскиот етно звук со надградена хармонска, ритмичка и звучна прогресија.

To top