Радио Милева без комплекси

Хелена Роза со повод се соблече пред објективот и покажа како изгледа на 46 години без филтри и камуфлажа (фото)

Хелена Роза со повод се соблече пред објективот и покажа како изгледа на 46 години без филтри и камуфлажа (фото)

Поранешната македонска ТВ водителка Хелена Роза заедно со сопругот и децата веќе неколку години живее и работи во Нов Зеланд.

За нејзините активности далеку од родната земја најчесто дознаваме од социјалните мрежи на кои е присутна, а сега таа имаше посебен повод за славење.

Имено на Инстаграм на нејзините кратки  приказни кои редовно ги полни, овој пат го привлече вниманието на следбениците и ги воодушеви со нејзиниот изглед откако објави фотографија каде е соблечена во црн костим за капење.

– Четириесет и шест години под сонцето, среќен ми роденден- напиша таа.

Поранешната водителка ги собра погледите на сите кога на фотографијата самата си го честиташе роденденот и со задоволство ги откри годините гордо покажувајќи ги облините.

По нејзината објава се редеа честитките од нејзините пријатели и многубројни фанови кои со задоволство и посакаа среќен роденден на најубавата мајка на светот, а најмногу се издвои честитката од ќерката Кјара.

Инаку, Хелена неодамна по едномесечниот престој во родната Македонија се врати во Нов Зеланд, а на сите оние што не успеа да ги види им закажа средба следниот пат под македонско небо.

Фото:  Принтскрин/Инстаграм/Хелена Роза

To top