Можеби малкумина знаат дека Весна Бејби Петрушевска покрај актерството и радио и ТВ водителството се занимаваше и со уште некои работи поврзани со јавната работа, медиумите, модата… Имено, Бејби долги години беше во таборот на познатата македонска модна креаторка и градежник, во концернот ЕЛ на Елена Пандева, во јавноста многу попозната како Елена Лука.
Координатор, дел од маркетингот, колумнист во нивниот портал „Фешанел“, задолжена за контакти и спојување на македонските познати личности и јавни фаци со брендот ЕЛ, па дури и самата плус сајз модел… Едноставно речено, „дама за многу нешта“ кај Елена Лука… за добар хонорар за македонски услови, секако – велат добро упатените!
И покрај сите работи, убави и неубави нешта што и се случуваа приватно и професионално, Бејби секогаш наоѓаше сила и време да стигне насекаде. Од тоа да биде добра Бејби-мама, добра актерка, радио или ТВ водителка, (авто)биограф, па се до „десна рака“ на првата дама во концернот ЕЛ.
Доброупатените велат дека Бејби имала прилично голема доверба и бенефиции кај „газдарицата“ од една и моќ, авторитет и стравопочит кај вработените… од друга страна. Дама чиј збор после оној на газдарицата, ќе биде главен и последен!
Арно ама, по се изгледа дека газдарицата и нејзината „лева, десна… која и да е рака“, ја расипаа калимерата!? Некои забелажаа дека уште на традиционалната осмомартовска забава која Елена Лука ја приредува за своите вработени, Бејби нијкаде ја немаше. Не барем на фотографиите од истата. Оправдано отсутна, намерно непоканета или подоцна избришана од фотографиите на социјалните мрежи… останува да дознаеме подоцна?!
Во меѓувреме, Бејби покрај сите наведени активности има уште една, најнова… сопствен веб портал. Веб сајтот насловен „Мој сајт“ кој е регистриран на нејзино име, односно на нејзината новоснована фирма „Брачна игра“ ДООЕЛ.
Еден вид лајфстајл портал, каде Бејби покрај сопственичката ја пренесе и пишувачката функција, па така сега нејзините колумни, авторски текстови, интервјуа… повеќе ги нема на „Фешанел“ на Елена Лука, туку на нејзиниот „Мој сајт“.
Дали тоа значи дека дефинитивно „пукнала тиквата“, па „љубовта“ помеѓу работодавачката и извршителот на работите заврши засекогаш? Дали Бејби се почувствува доволно силна, способна и моќна да и го „сврти грбот“ на Лука и да се обиде самата или од Елена „доби метла“ заради причини, само на двете нив познати, останува да видиме? Или можеби има нешто трето, па двете дами пријателски се разделиле, на пример, што познавајќи ги карактерите е тешко остварливо, но не и невозможно?
Како и да е, Бејби повеќе не е дел ни од ЕЛ, ни од „Фешанел“… Сега покрај сопсвениот труд ќе мора да се потпре и на „сопствените“ финансии, барем кога е во прашање нејзиниот „арбајт“ во „Мој сајт“!