Поранешната водителкa и новинарка на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ – Марија Петровска, неодамна во Словенија заедно со сопругот, словенецот Михаел Сказа направија крштевка на синот.
Популарната Маца која годинава за првпат стана мајка и роди здраво машко дете, сега како што е редот направи и интимна церемонија судејќи по фотографиите од социјалните мрежи.
Вљубениот пар се фотографирал во црковните одаи заедно доживувајќи ја најголемата животна радост на светото место.
На 31 март 2023 тие се остварија како родители за прв пат, а по неколку дена откако мајката и новороденчето си дојдоа дома, дури тогаш јавно ја обзнанија радосната вест.
Овој пат, Маца сподели фотографии од крштевката ставајќи го покрај фотографијата датумот од убавиот настан.
View this post on Instagram
Таа сподели и дел од интимните моменти од прославата која беше организирана во хотел Тиса Хочко Похорје па, покрај фотографиите напиша дека денот навистина бил посебен:
View this post on Instagram
Нека му е среќна крштевката и вечно името.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Марија Петровска