Кенан Имирзалиоглу е роден на 18 јуни 1974 година во Анкара, како најмлад од трите деца. Со задоволство се сеќава на своето детство на фармата, играјќи си со кози и овци, трчајќи по ливадите. Од селото заминал да учи во Истанбул, каде што неговото убаво лице и аполонско тело, особено неговата висина од 1,93 м, го однеле директно на модните писти. Во 2001 година беше прогласен за најдобар машки модел во светот. „Мојот дедо беше повисок и покорпулентен од мене. Мојот брат и постарата сестра, кои со својата тетка води бутик за венчаници во Анкара, се исто така високи“, вели Кенан.
View this post on Instagram
Тој се прослави со серијата „Езел“, која беше инспирирана од романот „Грофот Монте Кристо“ на Александар Думас, а ја донесе приказната за Омер Учар, кого неговите поранешни пријатели го поставиле да ги плати нивните злосторства и да замине на доживотен затвор. Додека бил во затвор, тој поминал години смислувајќи како да избега и да им се одмазди. Тој успеа да се најде на слобода и стана Езел Барјактар, успешен бизнисмен кој е подготвен да плати за 12-те години поминати зад решетки.
View this post on Instagram
Се гордее со своите бунтовнички денови, како и со искуството во манекенството, а многу рационално ужива во парите и славата, не дозволувајќи им да му го заматат умот и да го издигнат на височини од кои лесно паѓа.
Езел го играше Кенан Имирзалиоглу, еден од најпопуларните турски актери, а малку е познато дека има аристократско потекло. Кенан, имено, потекнува од Узун Хасан, кој бил султан во династијата Ан Којунлу.
View this post on Instagram
По вртоглавиот успех во серијата, актерот се посвети на приватниот живот. Како еден од најатрактивните турски актери, Кенан секогаш им бил интересен на дамите, но не сакал да ја крие својата најголема љубов. Од мај 2016 година е во брак со актерката Синема Кобал со која имаа две деца.
фото:Instagram printskrin