Радио Милева

Им украле вредни работи: Ограбен домот на Шакира и Пике!

Им украле вредни работи: Ограбен домот на Шакира и Пике!

Познатата пејачка Шакира и нејзиниот сопруг поминуваат низ несакана ситуација. Имено, нивниот дом во Барселона беше ограбен во раните утрински часови. Крадецот успеа да украде неколку вредни работи, вклучувајќи часовници и накит, пренесуваат шпанските медиуми.

Сведоците откриваат дека крадците влегле во домот. За среќа, парот не беше дома. Фудбалерот беше на подготовки во Германија, додека пак Шакира по повод на нејзината турнеја одмараше во Хамбург.

Родителите на Пике спиеле во нивниот дом, а утрото забележале дека исчезнале вредни работи, па пријавиле во полиција.

To top