Пејачката Теодора Џехверовиќ често е мета на јавна осуда поради нејзините провокативни фотографии кои често ги објавува на социјалните мрежи, а многумина сметаат дека често претерува со голотијата, но и со обработката на сликите.
Имено пејачката работи на себе и редовно оди во теретана, па на многумина не им е јасно зошто користи фотошоп, но Теодора не се откажува од разубавување фотографии и видеа.
Неодамна малата Џехва ја покажа својата нова фризура за која очигледно беше многу возбудена, бидејќи објави неколку фотографии од неа, а нејзините следбеници забележаа драстична разлика помеѓу фотографиите на Инстаграм и реалноста.
– Колку е фотошопирана – напишаа на Твитер.
– Толку многу брчки, а таа е толку млада – се збунија следбениците.