Радио Милева едно време...

Лила ја навјасаа спомени, па ја фати длабока носталгија: „Ми недостига старата јас“ (фото)

Лила ја навјасаа спомени, па ја фати длабока носталгија: „Ми недостига старата јас“ (фото)

Лила е човек кој како никогаш да не мирува, па постојано има на ум дестинација што треба да ја посети и динамично трга во реализација на истата.

Веројатно ниту самата не знае точна бројка колку се’ места надвор од земјава посетила, но сигурно ги памети и многуте спомени собрани во куферите. Тука се секако и фотографиите да посведочат и да не потсетат на убавите мигови како фото приказ за поживо да ги доживееме истите.

Лила минатата година по успешната борба со ракот на дојка излезе од таа битка уште посилна и уште многу повеќе инспирирана да патува и да го полни животот со уште многу убави моменти кои ќе се прераскажуваат и паметат.

-Знаете дека години наназад патувањето е мојата терапија. Ништо не може да ме израдува повеќе од пакување на куферите . Најубавиот поглед ми е погледот на облаците,омилениот глас ми е гласот на пилотот кога ќе каже дека сме стигнале на посакуваната дестинација а најомилените приказни за мене се помеѓу страниците на мојот пасош. Следуваат уште многу приказни за раскажување само бог да дава здравје, пишува Лила.

Па така гледајќи во старите летни фотографии ја навјасаа спомени и длабока носталгија за времето од пред неколку години и како што вели она што била претходно, но сепак со еден мал и клучен детаљ од заклучокот.

-Понекогаш ми недостига старата јас… ама задоволна сум со новава, резимира таа, а една следбеничка имаше само да додаде:

,,Новава” е помудра, посилна, пофајтерка (поборка) и посекси, сосема доволно за завршеток на оваа носталгична приказна.

фото:Instagram printskrin/LIla stojanovska

To top