Соседите имаат само пофални зборови за Рада Манојловиќ, бидејќи како што велат таа е секогаш пријатна и учтиво одговара на сите, дури и кога не е расположена. Како што изјавија, им е жал што таа нема партнер, а сметаат и дека Милан Станковиќ и бил идеално момче, но дека доцна го сфатила тоа.
-Ја гледам цело време во друштво на сестрата Марија. Во медиумите прочитав дека таа сега е нејзин менаџер. Тоа е убаво, таа сигурно нема да и наштети и најискрено ќе ја советува и ќе работи во нејзина корист. Не знам дали има некој, ниту слушнав, ниту видов ништо. Да ви кажам искрено, ми се чини дека дури сега, после многу години, сфаќа дека не требало така лесно да го прокоцка тој мiл Милан. Беше добро момче, гледам се сврте кон религијата. Паметна одлука, отсекогаш бил премногу фин и некорумпиран за јавна работа – рекол соседот.
Извесна постара госпоѓа, пак, раскажува како Радмила еднаш добила цвеќе, но не може точно да каже од кого.
– Навистина не сакам да озборувам. Еднаш еден млад човек излегол од автомобилот со букет рози, а таа го чекала пред зградата. Па сега дали е нејзин пријател или дечко, не можам да кажам. Меѓутоа, пред неколку месеци еднаш ја видов како плаче. Изгледаше само исцрпена и нерасположена. Самиот Господ ќе знае што се случило таму – коментирала таа.
фото: фото: Принтскрин/јутуб/Instagram