Поранешната девојка на Новак Ѓоковиќ сега е диџејка, а се работи за Лидија Поповиќ која настапува под уметничкото име Лејди Ли.
Лидија во последните години привлече големо внимание низ регионот. Ја нарекоа „српската Џеј Ло“, а веројатно има и зашто.
Исто така се пишуваше и за нејзината поранешна врска со светскиот тенисер број еден Новак Ѓоковиќ. Љубовта наводно траела многу кратко и се случила во тинејџерскиот период, пред Новак да ја запознае сегашната сопруга Јелена.
„Новак е прекрасен во секоја смисла на зборот.Она што го имавме останува во далечното минато, а за тоа имам само пофални зборови.Се разделивме, нема ништо лошо во тоа, но денес не се слушаме.Секој има своја кариера, нон-стоп сме на пат, но секако со радост се сеќавам на тој период, бидејќи сакам да ги паметам убавите работи“ – изјави еднаш Лидија за медиумите.
„Ноле во текот на нашата врска беше секогаш внимателен и насмеан.Сега носи тежок товар на грбот како познат човек во спортскиот свет.И, не, тој не беше папучар.Беше дружељубиво и џентлменско момче, барем јас така го паметам“ – додала познатата диџејка.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм/ladyleeofficial