Радио Милева од песна на говор

Александар Белов и се врати на старата љубов: Пејачот секој ден е во студио, но не снима песни, туку одново е водител на радио (ФОТО)

Александар Белов и се врати на старата љубов: Пејачот секој ден е во студио, но не снима песни, туку одново е водител на радио (ФОТО)

Некогашното регионално музичко талент шоу „Операција триумф“ беше катапултот кој го исфрли меѓу естрадните ѕвезди, не само во Македонија, туку и во регионот. Александар Белов од тотален анонимус стана познат пејач, кого и медиумите и газдите на локалите го бараа да се појави во нивните емисии, насловници, да настапи во познатите кафулиња, клубови, дискотеки ширум Македонија, па и надвор од неа.

Белов кариерата ја туркаше дома се додека не ја запозна витата Јелена Станковиќ, Србинка од Крагуевац, во која се вљуби, а потоа и ја ожени и замина да живее кај неа. Минатата година пејачот и неговата сопруга за прв пат се остварија и како родители, а годинава нивната малечка наследничка Мина го прослави и првиот роденден.

Во меѓувреме Александар Белов продолжи да го прави она што најдобро знае и умее – да пее и настапува, зашто музиката му е не само љубов туку и главна егзистенција.

Сепак однеодамна пејачот реши да и се врати на уште една стара љубов, па оттогаш секој ден влегува во студио… Но, не за да снима нови песни, туку Белов одново е водител на радио.

Одново, зашто оние кои го паметат, знаат дека пејачот и вододека беше во Македонија се опроба во радио-водиителската професија. Најмногу остана запаметен како водител на неделните спортски емисии на Македонското радио, но и  како водител на емисијата „ТОП Спорт“ на некогашното „Радио Слободна Македонија“, каде  секоја сабота од 15 до 18 часот ги презентираше новостите  поврзани со светски познатите спортисти и неделните спортски резултати.

Сега Белов во Крагуевац е дел од тамошното „Радио Браво – 103.7 ФМ“ кое го слуша цела Шумадија.

Сега на Белов работниот радио ден рано наутро му почнува, па ако денот по утрото се познава, енергијата да се истурка и тоа како е потребна. Пејачот и радио-водител тоа добро го знае, па затоа старите навики да преферира здрав живот се уште ги практикува. Овошно смути како лесен појадок за работен почеток на долгиот жежок ден. Ем радиослушателите задоволни, ем водителот најден, ем од старите „Херба – пријателки“ пронајден и означен!

Фото: Инстаграм/aleksandarbelov

 

To top