Кејт и Вилијам во романса се цели 15 години, од кои дури осум се во брак. И додека светот се восхитува на кралската двојка, многумина заборавија дека нивната врска не беше така совршена.
Во 2006 година тие се разделија. Имено, тогаш Кејт и Вилијам решија по четири години врска да тргнат на различни страни и да станат точка на врската, а причината за тоа како што наведоа тогаш медиумите е тоа што принцот бил опседнат со жени и имал несериозни намери.
Раскинувањето тој го прослави со многу алкохол , додека во еден клуб извикуваше „конечно сум слободен“.
Се шпекулираше дека на Вилијам му пречело тоа што Кејт е премногу агресивна и по секоја цена сака да се омажи за него, а наводно постојано сакала да се фотографира и да нагласува дека е девојка на принцот.
Но, по неколку месеци двојката се помири и сфатија дека не можат еден без друг, а разделбата остана во историјата.