Пејачот Дарко Лазиќ со своите потези редовно ја „остава јавноста без зборови“, а по низата сообраќајни прекршоци сега премина на чудни операции, вклучително и на естетски. Неодамна отиде на отстранување на вишокот кожа од стомакот, а сега реши да ги среди и градите.
Откако ослабе дури 109 килограми по операција на желудникот и според многумина го средил телото, Дарко пред неколку месеци го отстранил вишокот кожа, а сега решил да направи уште една процедура.
Лазиќ е во исчекување на нова операција, при што ќе го реши проблемот со виснати гради и на тој начин ќе го доведе својот изглед до потполно совршенство, според него.
Како што пренесуваат медиумите, Лазиќ целосно се подготвува за гинекомастија, процедура за отстранување на масното ткиво од машките гради, а за оваа операција ќе потроши дури 3.000 евра.
– Дарко во последниот период многу работеше на физичкиот изглед. Првиот чекор на тој пат секако беше операција за намалување на желудникот, која резултираше со големо губење на тежината, но зад себе остави голем вишок на кожа на стомакот. Како што е веќе познато, Дарко го реши тоа, а сега му останува само уште еден чекор, а тоа е гинекомастија – почна соговорникот, па ги откри деталите за претстојната процедура.
– Ова задоволство Лазиќ ќе го чини 3.000 евра, што не е голем трошок за него. Она што е потенцијален проблем е фактот дека ќе има период на опоравување по процедурата. Тогаш Дарко ќе биде обврзан да носи медицински протези околу еден месец, или нешто подолго од тоа, а прашање е дали тогаш ќе може да одржува настапи. Сè уште е неизвесно и ќе се знае дури кога ќе стигне до таа фаза – рекол извор близок до пејачот и истакнал дека сопругата на Дарко, Катарина, како и секогаш е лојална поддржувач.
– Катарина му дава ветер во грб, и во секоја ситуација и во оваа ситуација. На некој начин и таа беше иницијатор, а тоа секако многу му значи – заклучил извор близок до пејачот.
фото:Инстаграм принтскрин/Дарко Лазиќ