Пред речиси една година цел свет го погоди веста дека здравствената состојба на Брус Вилис е лоша. Имено, еден од најдобрите акциони херои се повлече од светот на филмот, а му беше дијагностицирана афазија, па деменција. Неговата поранешна партнерка Марија Браво откри детали за неговата здравствена состојба.
На познатиот актер Брус Вилис најпрво му беше дијагностицирана афазија, болест на губење на способноста за зборување, а подоцна беше откриено дека боледува од ретка форма на деменција.
Ѕвездата на филмовите „Pulp Fiction“, „Armageddon“ и „Die Hard“, како што многумина тврдат, постојано е опкружен со семејството, сопругата Ема и ќерките, како и со поранешната сопруга Деми Мур. Сопругата на Брус, Ема често споделува детали на социјалните мрежи за борбата со која се соочува нејзиниот славен сопруг, а сега се огласи и поранешната девојка на Вилис, Марија Браво.
View this post on Instagram
Брус и Марија се запознале во неговиот ресторан „Планета Холивуд“ и биле во врска 2 години во текот на деведесеттите. Марија сега за медиумите откри дека на хуманитарен настан се зборувало и за неговата здравствена состојба и дека потоа разговарала со сопругата на актерот.
– Тој е се полошо и полошо. Не е добро. Зборував со неговата сопруга Ема и за жал тоа е прогресивна болест. Му испраќам многу позитивна енергија и љубов, изјави Марија.
фото: Profimedia