Весна Бејби Петрушевска среде Скопје, кај Камениот мост, повторно во водите на Вардар. До душа минатиот пат, во вардар беше нејзиниот автомобил без неа, за разлика од сега, кога таа заплива во надојдената река без автомобил. Ама затоа овој пат Бејби добро се подготви, за никој и ништо да не може да ја изненади…
Никој освен ЕВН, па Бејби одново мораше да се нурне во Вардар за да ги расчисти сметките со „австриските струјаџии“. Само што тие на македонската актерка и водителка овој пат и испорачаа една поинаква фактура…
Па Бејби својот неодамнешен хендикеп го претвори во предност, односно несреќата ја наплати наместо од осигурителното од ЕВН. Со тоа што за реализацијата на довитливата идеја навистина ги заслужи сите почести… за сите пари!
Погледнете ја рекламата и ќе видите зошто: