Оваа сабота, 29-ти јули со почеток во 20 часот, ќе се одржи осмото издание на традиционалниот музички настан “Вино и Џез” со Владимир Четкар Џез-Соул-Фанк Ансамбл во “Monastery Winery” во Село Опеница, Охридско.
Посетителите на овој уникатен настан кој од година во година станува се попопуларен ќе можат да уживаат во прекрасните вина на винаријата од охридскиот и тиквешкиот регион како и во авторската музика на македонскиот кантавтор и изведувач со интернационална кариера Владимир Четкар.