Еден од најпопуларните актери во Холивуд е Рајан Гослинг, ѕвездата на филмот „Барби“ којшто моментално се прикажува во кината ширум светот.
Целиот свет полуде по филмот „Барби“, приказната за куклата која на големото платно ја отелотвори Марго Роби. Улогата на Кен ја толкува токму Рајан Гослинг, актерот којшто го освои светот и со многубројни други улоги во Холивуд.
Во филмот него го гледаме на ролери, во впечатлива облека, целосно спротивен од сѐ она што досега овој холивудски убавец го покажал со својата глума.
Тој е роден во Лондон, во канадската провинција Онтарио и од малечок сакал да се занимава со шоу-бизнис. Неретко во емисии зборувал дека се натпреварувал во танц и дека бил во група со девојчиња и носел светкави костими, а многумина не знаат дека поради еден инцидент во училиште за малку ќе бил исфрлен.
Во основно училиште тој бил злоставуван, а во прво одделение под влијание на филмот „Рамбо“ дошол во училиште со полна чанта кујнски ножеви и со нив ги гаѓал другите соученици за време на одморот., после што бил исфрлен од училиштето.
Имал дислексија и дијагностицирано му било хиперкинетичко нарушување, па одредено време поминал во одделение за деца со тешкотии во развојот.
После тоа неговата мајка ја напуштила работата и една година го подучувала од дома. Гослинг подоцна изјавил дека тоа му донело чувство на самостојност. А, од мали нозе настапувал и пред публика.
Со сестра му пеел на венчавки, настапувал со групата на својот вујко наречена „Елвис Пери“ во чест на Елвис Присли чиј репертоар го изведувале, а бил и член на локална балетска група.
Имал 12 години кога ја добил својата прва улога во канадската серија „Goosebumps“, а на 16 години го напуштил средното училиште и се преселил во Лос Анџелес за да ја гради својата актерска кариера.
Неговата прва позначајна улога била во серијата „The Mickey Mouse Club“ во која глумел заедно со Џастин Тимберлејк, Бритни Спирс и Кристина Агилера.
Неговата мајка поради ангажманите на Гослинг се преселила во Калифорнија со синот и имала доволно пари само да изнајми камп-приколка. За да заработи доволно пари Рајан да остане во Лос Анџелс, морала да се врати на работа, а Рајан се вселил кај Џастин Тимберлејк.
Следеле бројни улоги во филмови и серии, но онаа која го лансирала на врвот била во филмот „Notebook“ од 2004 година.
Тој е оженет со актерката Ева Мендез со која имаат две ќерки, но без оглед на милионите на банкарската сметка, сите четворица живеат во двособен стан, без дадилка и куќни помошнички.
фото:Принтскрин Јутјуб/Warner Bros. Pictures