Кавадарчанката Сијче Трајкова (27) е победникот во во финалето на македонското талент шоу – „Нови и млади“. Таа имаше најмногу среќа и според бодувањето на жирито победи само со еден поен повеќе од второпласираниот Теодор Богоевски од Скопје и два бода разлика од третопласираната Мелиса Зијадиќ, која од самиот старт важеше за фаворит во ова македонско музичко талент шоу.
Инаку на Сијче Трајкова ова не и е прва победа, иако и е најдрага. Имено, таа има учествувано и на друго слично шоу, но од локален карактер каде исто така победил. Како што се зборувало меѓу учесниците, Сијче на почетокот на шоуто сакала да се откаже од натреверуњето, но сепак тоа не го сторила и како награда за упорноста и талентѕот, среќата и се насмеа, па симпатичната кавадарчанка заврши како победничка.
„Драги мои пријатели, сакам да ви ја споделам мојата среќа за победата во Македонско Талент Шоу. Тоа беше едно големо искуство, добра дружба со многу таленти и признати музичари од нашата убава Македонија. Сакам да се заблагодарам на IN Production и господинот Златко Миладиноски,за тоа што ми дозволија баш во ова музичко талент шоу да го прикажам мојот талент за пеење а воедно и да се пронајдам јас себеси. Исто така големо благодарам за жирито, затоа што го препознаа мојот талент и ме наградија со големото ПРВО место!! Нема стоп. Со голема мотивација ќе одам кон врвот. Велат да си пејач/ка е многу лесно. Но патот е многу трнлив, има многу падови.. Се надевам дека еден ден гласно и надалеку ќе се слушаат моите песни!“ – споделила пресреќната победничка на својата Фејсбук страница.
Второпласираниот Теодор Богоевски беше најнаградуван во оваа шоу затоа што го освои второто место и од бодувањето на жирито, но беше второпласиран и според гласовите на публиката.
Мелиса Зијадиќ која од почеток важеше за фаворит на шоуто, овојпат не победи, иако беше близу. Впрочем, разликата од само еден односно два бода повеќе го реши редоследот од првото до третото место, што јасно говори за силната конкуренција и воодначеноста на натпреварувачите, за чиј конечен редослед одлучиваа ситни финеси и најмали нијанси.
Инаку првопласираната добива 2.800 долари, второто место носи 1.600 долари, додека третотопласираната ќе добие 800 долари.
И тројцата потпишаа договор за соработка со македонско-австралиската ИН продукција.