Ниту Срѓан Марјановиќ може без „Охрид- фест“, ниту пак фестивалот без него, особено кога одбележува три децении траење. Популарниот екс- ју кантавтор Срѓан Марјановиќ, познат по специфичниот стил („Иди“, „Бебо не плачи“, „Ми смо један другом говорили ви“, „Имаш код мене велики плус“, „Кад једном пукнем ја“) е вљубен нашата земја, поради музиката, пријателите, енергијата…
– Имам многу пријатели во Македонија, вели Срѓан. – Го служев воениот рок во онаа прекрасна Југославија, во Битола. Сопругата по потекло беше од Охрид… Многу работи ме врзуваат за вашата земја, и се радувам секогаш кога ќе го го повторам дружењето. Се разбира дека ја сакам македонската кујна, вкусив скоро се…А „Охрид-фест“, тој ми е голема слабост…“
Досега овој , слободно може да се нарече легендаренмузичар, на фестивалот настапувал со песните „Добри мој“, „Пешчани сат“- дует со Маја Оџаклиевска, „Роденден“ а на јубилејното 30-то издание ќе настапи со актерот Бане Видаковиќ во темата именувана според истоимениот роман „А могао сам бити геј“. Песната настана како реакција на Еуросонг: ја враќа насмевката на лице, духовита е, и се лепи на прво слушање. Да потсетиме: Интернационалната вечер на „Охрид фест“, кога настапуваат Срѓан и Бане е на 2 септември, на сцената на Долни Сарај.