Откако ја заврши љубовната романса со кумановскиот „ријалити фраер“ Дарко Спејко, атрактивната модна блогерка, модел и инфлуенсерка Љупка Митрова, како да ја снема…
Како да исчезна, барем од јавниот живот, зашто секојдбневното споделување фотографии и видеа на се што прави во животот одеднаш го снема, а минатото како со гумичка да беше избришано од нејзината фото и видео архива на социјалните мрежи… За сликите од спомените – не можеме да тврдиме.
Но, затоа она што е евидентно е дека расната струмичанка се заврте кон семејството, поточно двете ќеркички и сопствениот живот. До душа до сега не покажа дека за „бившиот“ си нашла подобра замена… Не барем јавно, иако малку е веројатно дека ваква убавица во најубавите години „се лишила од љубовните задоволства и сопствените потреби“!?
Затоа пак, она што се гледа и знае, е дека Љупка и тоа како може и умее да си ја „нахрани душата“ со сите останати животни задоволства. Од скапа брендирана гардероба, накит, часовници, чевли, чанти, акцесоари… до трошење грст пари за скапи одмори и уживање на егзотични дестинации во најлуксузните ресорти и хотели.
„Се има, се може“ – ќе рече некој, а не и дека не е така… Од каде и како, е друга тема. Така, летото уште пред и да го достигне својот зенит Љупка Митрова уживаше на единствените Малдиви.
На егзотичните плажи и кристално проѕирниот океан, меѓу палмите во скриените лагуни, струмичката убавица уште еднаш ја покажа сета своја телесна убавина…
Околу неа неподнослива убавина од природна егзотика, додека од неа блика сета нејзина телесна страст и еротика.
Пеколните готрештини, Митрова не ги дочека дома, туку малку појужно и од нејзината родна Струмица, замина да ужива во грчката престолнина Атина и нејзината бајковита околина.
А кога ужива, без оглед дали е зима или лето, дали оди на скијање или сончање и пливање, сексапилната убавица не штеди на уживање.
Така е и овој пат… Луксуз, егзотика и сексапил… Љупка Митрова летува во раскошен стил! И тоа како ретко кој(а).
Или како што самата би рекла: „Да се ставиш себе си на прво место, не е егоизам. Туку неопходизам!?“
Скапи хотели, брендирана тоалета, луксузни ресторани, егзотично мени, скапи вина… И поглед од милион долари за неодолива убавина. Или како што порачува и самата убавица: „Земи вино, води љубов и гледај го зајдисонцето“…
А, потоа, на концерт на светски познатите музички или оперски ѕвезди… Со саканата личност, секако!
Другиот ден, уште една поза полна „атински вибрации“… Колку да потврди дека Љупка Митрова и ова лето исполнета со љубов не го минува сама!
Ако баш ве интересира со кого – ова е човекот! Оние кои ги познаваат, знаат кој е…
За сита останати, за да не се чувствуваат како паднати во „информативна дупка“, доволно е да знаат дека тој „случајно“ го носи истото презиме како и Љупка!
Фото: ФБ/Инстаграм/ljupka.mitrova/goran_mitrov