Пејачката Анастасија Ражнатовиќ деновиве престојува во Севиља со своето момче Немања Гудеља од каде често се огласува.
Последните денови двајцата уживаа, одеа на романтични вечери, излегуваа, а сега на површина „излезе“ фотографија од нив која е направена додека биле на Ибица.
View this post on Instagram
Имено, на фотографијата Анастасија ја гледаме во зелен фустан со голи рамена додека седи во скутот на Немања, а тој цврсто ја држи околу половината.
Таа фотографија Немања ја сподели на својата Инстаграм приказна, а следеа коментарите: „Вие сте прекрасен пар“, „Анастасија блеска“, „Убава“, беа само дел од коментарите.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Анастасија Ражнатовиќ и нејзиното момче, фудбалерот Немања Гудељ неодамна го загубија своето бебе, а тажната вест ја објави на социјалните мрежи. Анастасија тогаш беше бремена во петтиот месец и реши целосно да се повлече од јавноста, па го деактивираше својот профил на Инстаграм.
Фото: Принтскрин/Инстаграм