Радио Милева од Лукавица до ЛА...

Таа беше првата старлета уште во екс – ЈУ: Се сликала за „Плејбој“, пијана во минич разговарала со папата и се додворувале Род Стјуарт и Кевин Костнер, го растурила „Бијело дугме“… (ФОТО)

Таа беше првата старлета уште во екс – ЈУ: Се сликала за „Плејбој“, пијана во минич разговарала со папата и се додворувале Род Стјуарт и Кевин Костнер, го растурила „Бијело дугме“… (ФОТО)

Дијана Беќировиќ важеше за најубава жена на овие простори во осумдесетите. Работела како новинарка, интервјуирала бројни познати личности, но и го одземала здивот позирајќи на насловните страници на престижните списанија.

Дијана е родена во 1962 година во сиромашно семејство во градот Лукавац во близина на Тузла. Таа позираше гола за насловната страница на магазинот „Старт“, по што доби можност да отпатува во Италија и да стане модел за „Версаче“ и „Ла Перла“. Завршила средно училиште во Сараево, а потоа се запишала на студии по глума од кои се откажала и се запишала на новинарство. Подоцна завршила уште два факултета.

Оваа дама ја започнала својата кариера уште како дете. На 14 години стана модел, а во осумдесетите важеше за секс бомба на поранешна Југославија, но завидни резултати постигна како новинарка во Италија, каде што се пресели.

Своевремено позираше и за познатиот „Плејбој“, а за неа се зборуваше дека е првата југословенска старлета. Ќе остане запаметено дека последното интервју го направи со познатиот Формула 1 возач Аиртон Сена. На 1 мај 1994 година, Бразилецот загина во несреќа за време на трката за Големата награда на Сан Марино, а два дена пред тоа, Дијана разговараше со него за живот и смрт.

„Го прашав зошто се крсти пред да влезе во автомобилот и дали знае што значи тоа. Многу луѓе не знаат зошто се крстени. Сена имаше најдобри одговори бидејќи го истражуваше, не беше површен. Второто прашање беше: „Што мислите кога возите 300 километри на час? или “Дали веруваш во живот после смртта?” Па, најдолго останавме таму. Тој имаше голема мисија на овој свет. Мислам дека неговата смрт почна да ја буди совеста кај луѓето. Тој беше многу ранлив“ – се присети таа за време на едно интервју.

 

Арнолд Шварценегер отворено ја „нападнал“, а таа еднаш кажала дека е виновна и за распадот на „Бијло дугме“.

„Живеев во Милано и се дружев со Владо Правдиќ, клавијатуристот на „Дугме“. Беше заљубен во мене, но наеднаш се појави Горан Бреговиќ. А Горан кога  нешто ќе посака, тоа и го добива. И оттука започна конфликтот меѓу двајцата членови на бендот. Дали Горан ме украде од Владо? Па, така некако“ – рече таа во една прилика.

Таа, исто така, се присети дека Ники Лауда се степал поради неа, а  ѝ се додворувале Род Стјуарт и Кевин Костнер. Но и кога разговарала со папата Павле Втори иако била „пијана и во мини фустанче“.

Дијана денес има 59 години и веќе подолго време живее во Лос Анџелес, а на Инстаграм е позната како Дијана Нивен.

Фото: Инстаграм/diananiven

To top