Радио Милева „сочна“ и отворена...

Кристина Димитри во секси бикини – танга одзади, танга и однапред: Пејачката ја покажа „крофничката“, а потоа откри пред камери што има со Гастоз освен заедничка песна (ВИДЕО)

Кристина Димитри во секси бикини – танга одзади, танга и однапред: Пејачката ја покажа „крофничката“, а потоа откри пред камери што има со Гастоз освен заедничка песна (ВИДЕО)

Македонската мисица, модел и пејачка Кристина Димитри деновиве ужива во своите први пет минути естрадна слава, надвор од Македонија. По заедничката песна естрадно-ријалити ѕвездата Гастоз насловена „Македонки“, пејачката замина на службена дружба во Белград, каде беше гостинка на неколку значајни емисии, меѓу кои и онаа, во шоуто на „Ами Џи“.

Во меѓувреме атрактивната тетовска убавица одново мина граница, па се врати дома за со ДЈ Боно да одработи некои од веќе закажаните настапи по домашните кафулиња и ноќни клубови, а пред да се врати во оседството, успеа да најде време малку да му се посвети и на инфлуесерството.

Рекламирењато извесни услуги и брендови на социјалните мрежи и е небаре втора професија, па овој пат Кристина ја сподели својата телесна чудесија претставувајќи дел од една нова летна колекција костими за капење.

А кога Кристина Димитри се разголува, половина од нејзините машки фанови „ ги разболува“, оставајќи ги  со „падната вилица“ и очи ширум ококорени,  „од желба изгорени“.

Така беше и овој пат, кога расната убавица во секси мини – бикини ги сподели своите бујни облини. Танга одзади – очекувано, ама и танга однапред, како дополнителна возбуда, особено ако е сето снимено од птичја перспектива, па погледот сам паѓа таму долу, во „подножјето на меѓуножјето“, каде долго останува „закован“!

Впрочем ова е ретка прилика, ако не и прв пат пејачката да ја покаже „крофничката“… Се разбира, онаа гумената на дување, на која онака полувлажна, испружена плута во базенот, додека го рекламира дезенот на новите бикини.

Сочната лубеница во чинијата меѓу нозе, е само за дополнително слатко освежување… И на пејачката по напорната фотосесија и за „влажните погледи“ на нејзините обожаватели!

По завршените обврски на домашен терен, Кристина одново тркна до Белград, за што подобро да се  испромовира и себе си  и нејзините „Македонки“,  кај  северните соседите.

„Црвената телевизија“ по своите содржини програмска определба е иделна за вакви нешта, па Гастоз и Кристина затанаа пред камерата на пинковата „Ред ТВ“ да кажат што имаат да кажат…

Меѓудругото отворено признаа, кога, каде и како се запознаа, а и уште некои нешта кои реално ги врзуваат или само преку „трач муабети“ ги поврзуваат… Кристина Димитри јавно откри што има со Гастоз освен заедничка песна, а и тој со неа.

Погледнете подолу што двајцата обзнанија пред камерата на „розовата телевизија“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RedTV 💥 #bicesveuREDu (@redtv.rs)

Фото: Инстаграм/redtv.rs/kristina.dimitry

To top