Во последното издание од полусезоната на „Галама шоу“, Жаре креваше галама во друштво на македонската Витни Хjустон која со својот ангелски глас никого не остава рамнодушен. Помеѓу сите патувања, гостувања, настапи и со „живот на тркала” Анета Мицевска успеа да ги почести со своето присуство во ова шоу.
А, четвртото издание на „Галама шоу “ со Жаре Бербер не смееше да помине и без првата Мис на Македонија. Денес како времето да застанало во 1996-та и воопшто не оставило трага на нејзината убавина. Подеднакво е убава и згодна како и пред 25 години, една и единствена, некогашната мисица и модел, денес ТВ водителка Вера Мештеровиќ.
Опуштен разговор од кој се дознаа многу работи кои не сме ги знаеле до сега, како на пример на прашњето на Жаре до Анета: „Знаеш ли понекогаш да се напиеш“?
„Пијам да, сакам да се напијам“ – одговори Анета и додаде:
„Се имам напиено, расположено, од 1 до 10… 9 и пол, тука негде“. Знаеш кога почнав да пијам? Почнав така да си пијам за време на короната, пред тоа не“ – одговории фолк пејачката, на што Жаре се надоврза:
„Значи, ти си тазе алхохоличар?!“ , а Анета одговори: „Да, тазе… ама далеку од алкохоличар“!
Што се’ друго беше кажано и која песна Анета и Вера ја испеаа во дует погледнете во видеото во продолжение: