Шпанското издание на магазинот „People “ ја прогласи колумбиската поп дива Шакира, за најубава жена на светот за 2023 година, а нејзиното име се најде на листата „50 најубави“ на првата позиција.
Како што велат, Шакира е „жена која инспирира“, а нејзините квалитети и го донесоа првото место на листата.
Во интервју за шпанското издание на споменатиот магазин, поп-дивата откри дека имало моменти кога нејзиниот свет се срушил и нејзиниот дом се распаднал.
Сепак, откри дека нејзините деца, Милан и Саша, се најголемиот извор на среќа и мотив да продолжи понатаму, да се издигне над неволјите и проблемите што ја снајдоа – вклучувајќи го и разводот со поранешниот фудбалер Жерар Пике.
На годинешната листа на познати уметници се најдоа имиња на познати личности од различни сфери на уметноста, како Ана де Армас, Џенифер Лопез, Талија и Ева Лонгорија.
Фото: Принтскрин/Инстгарам/Шакира