Раперот од Босна и Херцеговина Јасмин Фазлиќ, попознат како Јала Брат, на еден од поскледните настапи имаше навистина лоша среќа.
Јала Брат во саботата настапи на плажата Зрце. Бината ја делеше со колегата Буба Корели, а двајцата носеа црни очила за сонце. Но, на бината имаше дупка од страна, па внесен во својот изведувачки занес Јала незгодно стапна на работ, се лизна и целиот пропадна во дупката.
Публиката била шокирана, а напомош веднаш притрча еден колега рапер. Падот изгледа страотно и можеше да има фатални последици, но за среќа се минало само лесни повреди. Јала го објави видеото од падот на TikTok, а истото осамна и на Инстаграм.
View this post on Instagram
“Добро сум. Се е во ред. Ти благодарам Зрце!“, прокоментира тој.
Инаку, Јала Брат неодамна стана првиот балкански изведувач со милион месечни слушатели на Spotify.