Ноне Неделковска повторно се врати дома. На кус викенд или подлга пауза не знае ни самата, зашто работата на прекуокеанските крузери е таква. Се вкотвуваш дома во „семејното пристаниште“ и чекаш да те викнат да отпатуваш на нова работа, на некое светско одредиште од каде бродот ќе заплови и ќе те носи во нови работни авантури според предвидените рути и туристички тури.
Сепак, само дома си е дома, па затоа кога е меѓу своите Ноне обилно го користи времето за дружба со пријателите, забава , одмор и релаксација од напорната работа…
Така, додека е на привремена пауза, еден ден од викендот искористи од родниот Велес да тркне до Скопје, на ноќна забава во еден познат музички кафе клуб.
Забавата солидна, свирката на ниво, па иако не запеа, „џепната венера“ убаво се забавуваше во одбрано друштво… До душа женско, ама… Кој знае дали сите дами дома си отидоа сами?!
Летните горештини почнаа да покажуваат тенденција на неподносливост, па затоа другиот ден уште рано изутрина „најшетаната велешанка“ тргна денот да го мине во природа и ладовина.
До родниот Велес најблиску е вештачкото езеро – Младост, па некогашната пејачка – сегашна морепловка како да не може без голема вода, иако езерото не е океан, ама сепак… врши работа!
Сочна лубеница за освежување, ама и сочна лубеница под себе, како апликација на симпатичната крпа за бришење, во случајов подлога за лежење, на која „велешкото мињонче“ уживаше фаќајќи тен на жешкото јулско сонце!
До душа на Велешко палми нема, ама затоа и тополата врши работа кога ќе ви притреба сенка да се затскриете, а можеби и да дремнете и малку поспиете.
А кога ниту сенката не помага, тогаш тука е водата… Душек на дување, и правец в езеро на пливање… Или на плутање! И тоа сама среде езеро, никој околу неа, за не дај Боже ако се преврти да припомогне…
А можеби и не и треба, зашто со вака бујна предница, Ноне никако не може да потоне!
View this post on Instagram
Како и да е и покрај се’ што поминала и видела, својата убавина симпатичната велешанка ја најде и дома. Ноне ги преплови сите светски мориња и океани, ама негде да најдеш како Велешко – Богами, тешко!
Фото: Инстаграм принтскрин/nona.nedelkovska