Откако и го освои срцето, Снежана Ѓуришиќ не се разделува од белградскиот гинеколог, без разлика дали се во земјата или надвор од границите на Србија.
Гласините дека е во врска со помладо момче не и пречат, а вели дека Вања го нашла во вистински момент, па годините не и значат.
„Јас не сум ловец. Отсекогаш бев дама и жена која ја освојуваат. Вања е господин интелектуалец, знае што и како треба да прави. Јас сум во генерацијата не жените кои не трчаат по мажите, туку тие ме освојуваат. На сите колешки и жени им посакувам по еден Вања, изјави пејачката за „Блиц“ и додава дека не и пречи што добила и маж и гинеколог.
„Не сакам да зборувам за тоа, само ќе кажам: Среќна сум со Вања“.
Таа потенцираше дека не размислува за брак, дека двајцата се реализирани луѓе и таков потпис не им треба.