Младата пејачка Мартија Станојковиќ однеодамна е полнолетна девојка која плени со својата убавина иако истата не и недостасуваше сиве овие години, додека беше помалечка. Но, со текот на годините, како напредуваше со возраста, напредуваше со гласот ама и со стасот, па од слатко мало девојче, Мартија полека прерасна во вистинска атрактивна убавица.
Кога летото полека го зема својот замав, па доаѓа време да се опушти на плажа, без оглед дали е на одмор или се само ден – два за кус викенд во прашање, нејзиниот телесен раскош доаѓа до полн израз.
А кога Мартија ќе се соблече во костим за капење, едноделен или бикини за неа сеедно, никако не им е сеедно на оние кои се присутни на истата плажа со неа, како и на сите останати кои подоцна го „листаат“ нејзиниот Инстаграм профил.
Бикини комбинацијата во разни бои очигледно се нејзиниот избор и за ова лето, а шминката на плажа никако не е препорачлива. Малечката сирена тоа добро го запомнила, па воопшто не и пречи селфито во огледалото да го направи без грам мејкап на себе.
Впрочем, кое вистинско машко би ги гледало деталите на лицето на пејачката, кога младата кумановка има да понуди многу повозбудлива телесна глетка.
На плажа големите брендирани очила за сонце ионака покриваат половина лице, па затоа љубопитните машки погледи воопшто и не се фокусирани во нејзините очи… Како и би биле кога Мартија располага со таква телесна убавина која сосема на друго место погледот го кочи.
Сепак, млади момчиња внимавајте… И кога ви се чини дека онака осамено ужива на лежалката, имајте на ум дека Мартија речиси никогаш не е сама. Зашто најчесто на неа од некаде подзаскриена мотри и внимава, будното око на госпоѓа мама.
Затоа кога „фрлате поглед“ на убавата, згодна и мошне секси Мартија, внимателно и дискретно „шарајте со очите“, а при тоа најдобро е и да молчите… Зашто потоа со мама Снежана, сигурно не би сакале да се соочите.
Фото: Инстаграм принтскрин/martijastanojkovic