Виолета Луческа по подлга пауза одново активна на социјалните мрежи. Јавноста ја запозна како тогаш актуелна девојка на ракометниот репрезентативец Дејан Манасков, за откако врската пукна, таа да му се посвети комплетно на манекенството, моделството и активното учество на изборите за мис.
Позната по своите разголени секси фотосесии, Лучето едно време освен по кариерата на домашната модна сцена, последно ја паметиме по тоа што се обиде да работи како модел во Турција, а преку турската модна агенција и во Италија, за што тогаш си направи и модно Си-Ви! И тоа во вид на видео – портфолио!
Но се чини кариерата не траеше долго, па атрактивната прилепчанка реши да се повлече од јавноста и модната писта и позирањето пред фотобјективот да ги замени со сосема друга работа, која не е јавна!
И кога сите мислеа дека сосема исчезна од јавноста и потона во анонимноста, таа одново се припојави со своите објави на социјалните мрежи. Меѓу останатите и понекоја секси, на пример со подразголен граден кош…
…Или оние кои го потенцираат целиот нејзин телесен раскош…
Како овие од последната роденденска фотосесија, во провиден комбенизон под кој не се носат маички, ама затоа убаво се проѕираат и топот од црна тантела и црните секси гаќички…
View this post on Instagram
Но, она што како летна верзија од себе Луческа најново го покажува, се чини одново најмногу возбудува… Речиси налик на оние фотографии од некогаш.
Имено, сексапилната прилепчанка летово одморот го минува на атрактивни локации на Јадранскиот брег, па оттаму сподели неколку скокотливи фотографии.
View this post on Instagram
Телесниот раскош на Луческа никогаш не и недостасувал, но затоа пак она што најмногу ја бранува фантазијата и ги активира сетилата е топлес позата на нашата убавица.
„Рајот на земјата“ – напишала покрај топлес фотката некогашната манекенка и топ модел, која се чини одново е во пик… Овој пат со голи гради и без гаќички, додека ужива во убавините на Дубровник!
Фото: Инстаграм принтскрин/violetalucheski