Српската фолк ѕвезда, Џани, кој важи за неприскосновен крал на бакшишот, зашто покрај редовниот хонорар на своите тезги, пејачот заработува енормно големи суми бакшиш, беше во Македонија. Џани пеел на една приватна веселба, а потоа и имал свој концертен настап во еден локал.
Патем, пејачот му беше специјален гостин на еден познат македонски бизнисмен, кој за цело време од пречекот до испраќањето беше негов добар домаќин.
Џани и овој пат не остана покус за заработката, за што сведочат и фотографиите каде пејачот како по обичај го накитија со богат бакшиш како невеста. Овој пак не остана должен и со песната, ама и со патриотсата постапка, откако го зема македонското знаеме в раце и тоа она вистинското со 16 кракото сонце од Кутлеш, направи вистински џумбуш. Џани е мајстор за создавање добра атмосфера, па веселбата била навистина на ниво.
Концерниот настап подоцна ништо помалку добар и атрактивен, што ја воодушевило публиката… И онаа пред и онаа зад сцената.
Откако се завршило познатиот скопски бизнисмен како што е редот сакал како добар домаќин до крај да се покаже и богато да го нагости пејачот водејќи го во еден елитен угостителски локал за да му понуди врвни македонски специјалитети од месо. Арно ама,иако кафеаната нуди „од пиле млеко“ а персоналот тоа умее да го сервира како за изложба, на општо изненадување, српскиот пејач се определил строго за „посна гозба“.
Имено, после сето пеење и свирење, Џани побарал да мези само патлиџани, пиперки и домашно сирење! Се разбира со тоа секако оди и стара жолта, ама само ако останете “на по една“… До две-три, најмногу!
Пивцето е колку само да ја „убие лутината“ од пиперката!
До душа, некои од македонски колеги на пејачот се пошегуваа на негова сметка во стилот: „Од толкав ќар, да јадеш само Јабучар…?!“ Веројатно не знаејќи дека „скромниот“ Џани можел да замези и вечера што му душа посака, зашто сметката ја плаќа… друго чедо! И тоа сто отсто, со особено задоволство!
Фото: Приватна архива