Како што ветија, а Вистина и веќе пишуваше, така и сторија: Мартин Филиповски – „Некст Тајм“ и ракометарката Андреа Белеска по Кичево, каде си се ветија еден на друг пред Бога во манастирот „Св. Богородица – Причеста“ , а ставија и потпис во матично, свадбена забава за семејството и потесниот круг на пријатели направија викендов ( 24 јуни 2023) и во Скопје.
Овој пат на локација на отворено, каде се веселеше, пиеше, пееше и наздравуваше во име на љубовта на младите, кои по осум години врска решија да стават прстени и влезат во брачна заедница.
Разбирливо, свадбената забава како што е редот први ја отворија младите со свадбен танц под облаците кого ниту дожфот не можеше да го расипе или спречи…
Напротив, само го увеличи, давајќи му дополнителна романтична нота на моментот за паметење.
А истиот тој беше збогатен со раскошен огномет, кој траеше додека младоженецот и младата го изведуваа свадбениот танц на ѕвездите… Тој музичка, таа ракометна!
Секако, журката не би била комплетна доколку музичарот со својот брат – близнак и нивниот придружен бенд пријатели не засвиреа и не запееја нешто од својот познат репертоар… А таа вечер се налеваше во име на љубовта, па таква беше и една од познатите македонски патриотски песни која „Некст Тајм“ и ја изведоа… „Налеј, налеј“… Овој пат за среќа, радост и бериќет на младите и нивните заеднички години живот што им претстојат.
И секако, свадбена веселба без свадбена торта не бидува, па првата лажичка споделена од раката на невестата во устата на зетот и обратно… Како што се ранат две гулапчиња,за потоа чинот да биде зачинет со свадбен бакнеж за вечност!
За неизмерна убавина… И (од)надвор и одвантре!
Нека се среќни, вечни, заљубени и секако… многудетни!
Фото и видео: Instagram story/martin_filipovski