На 25 јуни, недела, по втор пат на Скопје ќе му се случи фестивалот „Модерно Скопје“ и тоа во срцето на Градскиот парк со главна бина на „Школка“, каде што ќе има богата музичка програма и забавни активности за сите возрасти.
„И ова второ издание на „Модерно Скопје“ носи возбудливо музичко искуство кое ќе ни го овозможат најдобрите македонски артисти. Музичкиот дел од хепенингот ќе започне во 12 часот, а истиот ќе биде збогатен со ексклузивен настап на „Поточиња“, како и веќе докажани музички имиња меѓу кои Таско, Тони Зен, Ивона Јо и Куку Леле. „Модерно Скопје“ и оваа година ќе биде незаборавен музичко сценски спектакл кој на македонската публика и музичката јавност, ќе и го доближи чувството за присуство на фестивал од највисок ранг“ – велат организаторите.
Влезот е слободен за сите посетители.