Радио Милева го намали високото чело

Немања Гудељ се одлучи на драстична промена: Фудбалерот никогаш повеќе нема да биде истиот (фото)

Немања Гудељ се одлучи на драстична промена: Фудбалерот никогаш повеќе нема да биде истиот (фото)

Немања Гудељ избраникот на пејачката Анастасија Ражнатовиќ одлучил да промени една работа на себе и решил да ја посети клиниката.

Српскиот фудбалер и партнер на Анастасија Ражнатовиќ, Немања Гудељ објави видео на Инстаграм во кое откри дека во моментов е на операција за пресадување коса во Турција, само еден месец откако го загубија нероденото бебе во петтиот месец од бременоста.

Тој заминал да пресади коса за да го скрати визуелно високотo чело. Фудбалерот објави видео од првата посета на лекарот во Турција, додека Анастасија  ги поминува деновите низ Белград.

Српските папараци фотографи деновиве ја снимија Анастасија која за првпат по подолго време во јавноста се појави во ведри бои, а пејачката целиот ден го помина во шопинг низ трговски центар во Белград.

Нејзиниот партнер, Немања Гудељ, замина во Турција каде ќе има операција за пресадување коса.

Тој на Инстаграм Стори објави кратко видео во кое покажа како изгледала првата средба со лекарот, а од снимката може да се открие дека фудбалерот планира да пресади коса со цел да го смали челото.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Папарацо Лов/Ата Имаџес

 

To top