Неодамна македонскиот шоумен Игор Џамбазов наброи кои животни приоритети ги одбира за здраво тело и здрав дух, а едно од нив, покрај одмор, вежбање, сонце, пријатели беше и самопочитта.
Тој на социјалните мрежи редовно објавува ситуации кои понекогаш се апсурдни или забавни токму како и овој пат.
Имено, на самата апликација „Инстаграм“ во делот за следачи се најде и една голема важна личност во неговиот живот – маестралниот Игор Џамбазов! Или поточно, шоуменот се заследи самиот себе си.
Па, бидејќи активно ја користи редно е и сам да се заследи, зошто да не?!
„Се заследив сам себе си. На здравје нека ми е!“ – гордо напиша македонскиот мултиталент.
Прва на објавата реагираше македонската пејачка Калиопи која му остави до солзи насмеано емотиконче – смајли.
Секако коментарите беа неизоставен дел на оваа објава, а некои кои му ги оставија беа навистина забавни:
„Ти не си ти, ако не се следиш себеси, „Е тоа се вика самопочитување!“, „Тоа само Чак Норис го може“, „Сам ако не се пратиш, кој“,„Важно е за здравјето, остави то..“
Впрочем, ако не се сакаш, цениш и почитуваш најпрвин себе си, не можеш да очекуваш и другите да го направат тоа. Затоа и Џамбазов со личен пример покажа што значи самопочит! Сега другите се на ред!
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Игор Џамбазов