Софија Милошевиќ е една од најубавите Србинки, а за тоа говорат бројните насловни страници и ревии кои ги има направено за најпознатите светски брендови. Изгледот на манекенката исто толку се должи на генетиката, колку и на теретаната.
Така, таа редовно известува на своите следбеници на социјалните платформи за нејзиниот тренинг, кој е сè само не лесен и кој ја буди имагинацијата на посилниот пол.
Облечена во црни хеланки и топ, Софија на своите следбеници им покажа како изгледа без трошка шминка, а воедно ги истакна и извајани атрибути, но и совршено рамен стомак.
Инаку, Софија Милошевиќ со години е во емотивна врска со Лука Јовиќ, со кој има два сина.
Фото: Принтскрин/Инстаграм