Радио Милева автобиографија во стихови и ноти

Елена Велевска во новата песна си го прераскажа животот: „Успеав се’ што сонив со многу солзи, се’ што може жена сама…“ (ВИДЕО)

Елена Велевска во новата песна си го прераскажа животот: „Успеав се’ што сонив со многу солзи, се’ што може жена сама…“ (ВИДЕО)

Елена Велевска по бурниот развод, откако успеа да ги коснолидира односите и среди емоциите, очигледно одново блеска.

Пејачката како да доживува втора младост иако разводот тешко го поднесе, осоебно што мораше да биде разделена од децата… Иако уште од раната младост сите ги развеселува со песната, животот не и беше песна, зашто истиот „не се живее по ноти“, а тоа Елена добро го знае. Впрочем, како и многумина од нас, тоа повеќе или помалку, многупати и самата го почувствувала на своја кожа.

Можеби токму затоа, Велевска во стиховите од нејзината најнова песна „Останав дама“ која неодамна ја промовираше во македонското музичко фолк шоу „Имат – Немат“ како буквално да го прераскажува нејзиниот живот.

„Уште од малечка сонував јас да пејам, не знаев дека тој пат има многу станици… Сама видов како животот крие многу стапици“ – се стиховите кои ја отвораат новата песна на Велевска.  Совпаѓајќи се со нејзината животна приказна која е речиси идентична со оние на многу млади, амбициозни дами, стиховите во новата песна буквално како да  водат низ животот на пејачката сликајќи ги сите бродоломи и превирања, љубовни бури, животни премрежја низ кои минува(ла)…

“Уште од девојка мечтаев јас за љубов, не знаев дека таа има тајни безбројни, сама видов како љубовта носи денови безбојни“ – пее Елена во песната „боејќи ги стиховите“ со сопствената животна судбина… Нејзина, која лесно може да биде и сечија… На секоја млада девојка, на секоја жена…!

И додека автобиографската фолк балада на Елена ве носи на патување низ животот не една жена, не можете да останете имуни на емоциите кои допираат до најдлабоките простори на душата, зашто животот опеан во ваква песна, ниту оддалеку не е песна, ама сепак… Како што вели и самиот рефрен: „Успеав се’ што сонив со многу солзи, што може жена сама…“

Сепак и кога е на чекор до дното и по сите бури,  имала некого покрај себе или била сама, најважно зе една жена е да остане дама. Елена Велевска  отсекогаш тоа била и се’ уште е… и после се’!

Фото: Инстаграм принтскрин/evelevska

Видео: Јутјуб

 

To top