Радио Милева Животни приоритети

„ 6-те најголеми доктори на светот“ – Игор Џамбазов потврди дека за здрав живот никогаш не е доцна (фото)

„ 6-те најголеми доктори на светот“ – Игор Џамбазов потврди дека за здрав живот никогаш не е доцна (фото)

Не е лесно во ова време со брзо темпо на живеење да останеме при чиста свест ако не се придржуваме до некои вредности и навики кои во ист момент ќе ни причинуваат и задоволство и здравје.

Македонскиот шоумен Игор Џамбазов постојано е зафатен со разни работи па, најчесто новите животни лекции ги стекнува преку искувствата што постојано ги има.

Но, за да може да истрае потребни се животни приоритети преку кои ќе може да го постигне сето тоа што го прави и секогаш во секој момент да биде подготвен.

Џамбазов редовно на социјалните мрежи објавува приказни од неговите дружби, активности и новитети кои обожава да ги споделува со фановите.

Овој пат, меѓу нив на неговиот профил на социјалната мрежа „Инстаграм“ се најде и едно со кое тој сакаше да потврди дека ништо не е случајно туку дека во живот се согласува со неколку важни правила за здраво тело и здрав дух.

„ 6-те најголеми доктори на светот: Сонце, одмор, вежбање, исхрана, само почит , пријатели“ – ги сподели  тој.

Овие важни доктори се најважните двигатели во животот на Џамбазов, а  дека Игор ги почитува е очигледно и  поради начинот на живеење кој тоа несебично го споделува и го покажува во секоја прилика.

Но, се разбира се во умерени количини и исходот ќе биде повеќе од очигледен, а никогаш не е доцна да ги ставите на листата и на вашите приоритети.

 

Фото: Принтскрин/Инстаграм/ Игор Џамбазов

To top