Младата музичка ѕвезда Милица Павловиќ пред три недели ја објави баладата „Свадба“ со која го најави нејзиниот петти студиски албум „Лав“. Милица не ја крие возбудата, а непосредно пред објавувањето на новиот албум ја скокотка фантазијата на обожавателите со жешки фотографии со раперот Цоби.
На сликите гледаме како Павловиќ во провокативна комбинација, бела кошула и секси облека, ползи, а потоа страсно го прегрнува познатиот рапер. Иако доволно ја „загреаа“ толпата со самите слики, пејачката ситуацијата ја зачини со незгоден опис: – Цоби, те молам избриши ги пораките и фотографиите – му порача Павловиќ, за кои, претпоставуваме се дел од нивната дуетска песна „Илегала“.
View this post on Instagram
Во коментарите се огласија многу познати личности кои чекаат да видат што се крие зад овие жешки кадри.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Милица Павловиќ