Радио Милева заводлива

Пожешка од летото: Сара Јо во припиено црно боди прошета на терасата (видео)

Пожешка од летото: Сара Јо во припиено црно боди прошета на терасата (видео)

Поп-пејачката Сара Јо објави жешко видео на својот Инстаграм профил, играјќи на музиката од нејзината нова песна која допрва треба да биде објавена.

Сара Јо носи боди со бујно деколте и отворени колкови кое совршено ја истакнува нејзината витка линија на тело и долги нозе.

Пејачката на себе носи и ѓердан, црни очила за сонце, високи потпетици и има совршена фризура додека танцува на видеото пеејќи ја својата нова песна со стиховите „Тако ходам“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sara Jo (@sarajoofficial)

Инаку, Сара Јо се наоѓа на крајбрежјето на морето, на некое сончево место за разлика од студените и дождливи временски услови кај нас и во регионот.

Видеото предизвикало лавина коментари во кои следбениците на Сара пишувале дека таа навистина изгледа „брутално добро“ и дека одвај чекаат да ја слушнат нејзината нова песна која треба да биде објавена заедно со нејзиниот деби албум.

Како што претходно најавувала на социјалните мрежи, албумот би требало да биде објавен до крајот на јуни.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Сара Јо

To top