Меган Маркл, сопругата на принцот Хари, доживеа удар од платформата „Spotify“, која и се заблагодари за соработката по само една сезона. Меган имаше свој подкаст „Archetypes“ на овој сервис, но по само една сезона „Spotify“ објави дека нема да има следна. „Се договоривме да ја прекинеме нашата соработка и горди сме на серијата што ја создадовме заедно“, соопштија Меган и компанијата во заедничката изјава. Но, британските медиуми пишуваат дека разделбата не била толку „обостран“, туку дека „Spotify“ решил да го откаже шоуто на Меган Маркл.
Меган и Хари потпишаа договор од 20 милиони долари со компанијата на крајот на 2020 година, но добро информирани извори велат дека не успеале да го испорачаат она што се очекувало од нив. „Волстрит журнал“ еднаш објави дека „нивото на продуктивност неопходно за целосна исплата на договорената сума“ не е постигнато. Меган, сепак, планира да продолжи со снимање на подкастот и најверојатно ќе го понуди на друга платформа.
Неодамна, извори блиски до парот изјавија дека Меган и Хари, по документарната серија за Нетфликс, која јавноста ја дочека „на нож“, планираат да се повлечат од забавната индустрија. „Ќе престанат да ги отвораат срцата во интервјуа и документарци, бидејќи едноставно немаат што повеќе да кажат“, изјави извор близок до Меган и Хари. Инаку, „Spotify“ неодамна објави дека ќе отпушти околу два отсто од своите вработени. Отпуштени се околу 200 работници, кои работат токму во тимовите задолжени за подкасти.
Фото: Принтскрин/Јутјуб