Пејачката Џесика Палашоска неодамна замина на одмор на Бали, а оттаму секојдневно изненадува со необични фото-моменти.
Палашоска е една од поактивните корисници на социјалната мрежа Инстаграм, а речиси и да нема момент кој таа не го документира и објавува за следбениците. Па така, откако ги спакува куферите и се до моментот кога се пристигна на Бали, Џесика го покажа секој поминат миг, за нели Инстаграм семејството да знае што точно прави …
И додека дел од познатите скржаво ја чуваат приватноста, за македонската фолкерка важи правилото што повеќе, тоа подобро.
Познатата пејачка има свои навики и правила од кои не отстапува, а спроведувајќи ги истите, преферира да биде поразлична од другите, каде и да е.
Се со цел да го постигне тоа, таа повторно костимот за капење го вовлече во големото, заоблено, мазно газе до критична точка, па се сврти со позадината и побара од некој да ја фотографира.
Едноставно кажано, секси до болка… „До балчак“! Зашто, на која дестинација и да се патува, Џеси мора да биде своја – по секоја цена!