Мегафон

„Свадбата на Фигаро“ од Моцарт вечерва во НОБ, влезот слободен

„Свадбата на Фигаро“ од Моцарт вечерва во НОБ, влезот слободен

На Малата сцена на Националната опера и балет вечерва, на 14 јуни, од 20 часот, „Балкан опера студио“ во копродукција со Оперското студио при Театарот на Литванската национална опера и балет и нашиот оркестар „Профундис“ под диригентската палка на Ѓурѓица Дашиќ ќе ја изведат омилената опера од Моцарт, „Свадбата на Фигаро“.

Изминатиов период исклучителна екипа составена од врвни професионалци и млади надежи работеше на поставката на ова оперско дело. Режијата и продукцијата се на Љупка Јакимовска и Дамјан Попоски, музичкиот директор на Оперското студио при Литванската национална опера и балет Раминта Лапсатис ќе настапи на чембало, а соработник на пијано е Јанинка Невчева. Насловниот лик му е доверен на Јонас Сакалаускас, а нему на сцената ќе му се придружат Емилија Финагејеваите, Невен Силјановски, Јулија Каралиунаите, Силвија Плешке, Миндаугас Мишкинис, Лауринас Аксамитас, Мартина Мокшецкаите и Марко Димовски, додека во улогата на грофицата Алмавива, како специјална гостинка, ќе настапи првенката на Литванската опера, Јоана Гедминтаите.

Влезот за ова македонско-литванско-хрватско оперско искуство е слободен, согласно капацитетот на салата.

извор:република

To top