Радио Милева мета на критики

Ги средува фотографиите наместо изгледот: Теодора Џехверовиќ провокативните изданија ги шминка со оваа алатка (фото) 

Ги средува фотографиите наместо изгледот: Теодора Џехверовиќ провокативните изданија ги шминка со оваа алатка (фото) 

Теодора Џехверовиќ уште еднаш се најде во центарот на вниманието поради видеото кое го објави и на кое јасно се гледа дека користи фотошоп.

Атрактивната пејачка редовно привлекува внимание со својот изглед, провокативните изданија на социјалните мрежи, но и на настапите, а често им се обраќа и на „хејтерите“ бидејќи редовно е мета на критики.

Видеото на Теодора заврши на Твитер, каде се коментира бидејќи се забележува како таа ги стеснува половината и стомакот со помош на апликација за разубавување. Тоа „побегна“ неколку секунди, а таа набрзо го избриша видеото од својот профил.

Сепак, Интернетот памети се, вклучувајќи го и Твитер.

„Џехва гори, но навистина нема потреба од апликации за намалување на половината. Внимавајте на стомакот, малку се извлекол“, пишувало со видеото, а коментарите почнале да се нижат: „Толку е фотошопирана на сликите што е страшно. , не разбирам што и фали на телото без фотошоп? Зошто сите мораме да имаме струкови како кукли, па претеруваат“, „Ајде не се сака, ама со ова дава само погрешен пример за сите девојки кои ја следат“, „Сето ова изгледа навистина евтино“, „Сосема непотребно, си прави комплекси, сигурно и е тешко, што и е“…

Фото: Принтскрин/Инстгарам/Теодора Џехверовиќ/Твитер

To top