При изборот на својот подарок, кралицата Елизабета II за својот внук и неговата сопруга одлучила да биде прилично дарежлива.
Подарок достоен за кралицата е всушност куќата „York Cottage“ на имотот Сандрингам. Подарокот со кој кралицата сигурно ги воодушеви младите е со неверојатни пропорции со оглед на тоа што зафаќа површина од 8 илјади хектари земја на кое се простира имотот.
Од нив, 240 се јавен парк, а 24 хектари е двор кој е поврзан со главната куќа. Хари и Меган моментално живеат во куќата Нотингам која е сместена во просторот на Кенсингтон палатата, а својот нов дом ќе го користат како одморалиште.
Интересно е дека според наводите на странските медиуми, споменатиот имот кралското семејство го избегнува, бидејќи наводно мислат дека е проколнат.